АД ЕСМ и вчера целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата
АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од Владата.
Оттаму нагласуваат дека производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.
-Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што е најчест дефект во термоелектраните, велат од Владата и додаваат дека РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…
ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…
Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…
Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…
Како причина за крахот на 18 мај…
ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…
АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…
Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…
Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…