Коцарев: Македонците и македонската јавност треба да ги отфрлат договорите со Грција и Бугарија – тие го негираат македонизмот!

t

Во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ) вчера се одржа научна трибина што беше насловена „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование“.

Научната трибина имаше цел да поттикне јавна академска дебата со која ќе се посочат импликациите на билатералните протоколи со Бугарија за македонската наука и образование. Трибината беше свечено отворена од страна на д-р Митко Панов, претседател на ЗИРМ, кој во своето обраќање пред присутните се осврна на македонско-бугарската комисија за историски прашања и Договорот за добрососедство, односно нивните негативни последици кон слободата на македонската историска мисла, но и воопшто кон сета научна мисла во Македонија, пренесува “Нова Македонија“.

Тој нагласи дека од историските вистини на споменатата комисија ќе зависат содржините на македонските учебници, а протоколот се позиционира над Законот за научна и истражувачка дејност, со што се загрозува автономноста во научното истражување.


– Синтагмата за заедничка историја води кон нов идентитет. Историската комисија ја легитимира великобугарската политика што потекнува од 19 век – рече Митко Панов.
Воведно обраќање пред присутните имаше академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој во своето обраќање нагласи дали можеме да замислиме алтернативна иднина за Македонија, па потоа да се обидеме да дојдеме до неа. Тргнувајќи од моменталната состојба и од фактот дека целиот општествен и политички систем во Македонија е надвор од контрола и тотален хаос, рече Коцарев. Според претседателот на МАНУ, договорите со Бугарија и со Грција треба да се разгледуваат заедно, а не одделно. Тие се две страни на една иста паричка.

– Ако зборот македонизам подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот идентитет, јазик и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, како и во соседството, вклучувајќи и во Бугарија и во Грција, факти што научно и аргументирано се верификувани од МАНУ и од светската наука, тогаш документите што ги негираат тие факти промовираат невистини и лаги, а тоа се договорите со Грција и со Бугарија. Тогаш Македонците и македонската јавност треба да ги отфрлат – рече Љупчо Коцарев.


Во рамките на научната трибина свое обраќање имаше и д-р Билјана Ванковска, која се осврна на неколку нешта. Ванковска посочи дека историјата ни затропа на врата во повеќе научни области, вклучувајќи ја и мојата. Не можам да предавам историја на политичкиот систем на Република Македонија без притоа да ми виси над глава Дамокловиот меч на закана, санкција, замолчување и етикетирање – рече Ванковска.
Свои обраќања пред присутните имаа и aкад. Ѓорги Поп Атанасов, проф. д-р Владимир Петрушевски, проф. д-р Тодор Чепреганов, проф. д-р Александар Атанасовски, проф. д-р Иванка Василевска, проф. д-р Елка Јачева Улчар, како и други.

На крајот од обраќањата на научната фела следуваше јавна дискусија, од која главниот заклучок се одвиваше во правец дека билатералните договори со Бугарија и со Грција се на штета на македонската научна мисла, како и македонската историографија, кои се наоѓаат под притисок на политиката. Според учесниците на научната трибина, македонското општество треба да ги отфрли споменатите договори, бидејќи тие задираат во националниот и историскиот идентитет на македонскиот народ и ја доведуваат македонската држава во потчинета положба. Според присутните, македонската наука треба да се обедини и да преземе дополнителни активности со цел да не се дозволи политичкиот притисок во образованието и науката. Исто така беа повикани и македонските медиуми да дозволат што поголем простор за овие прашања, со цел македонската јавност да биде навремено и точно информирана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиуми: Хилари Клинтон е во посета…

Хилари Клинтон е во посета на Бугарија,…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Грчки министер: Мицотакис ќе го поништи Преспанскиот…

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис,…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…