Божиновски: Бугарија признава јазик од 1945-та година, претходно бил бугарски ама не можете да видите, по црева сте испикани
Премиерот и целата Влада веќе неколку дена постојано повторуваат дека македонскиот јазик е заштитен и признат без фунсноти и ѕвездички, а според нив потврда за тоа е Договорот со ФРОНТЕКС кој, како што велат тие, е потпишан на чист македонски јазик.
Ова го коментира и Божидар Божиновски кој на Фејсбук напиша:
– Она што не го гледаат, а и по црева ипсикани и не можат да видат од темницата за македонскиот јазик и кој е проблемот е неразделивоста на македонскиот јазик и историјата. Бугарија тврди дека македонскиот јазик почнува со кодификацијата од страна на Блаже Конески и дека е комунистички фалсификат затоа што претходно овде сме зборувале на бугарски. Не е проблемот Бугарија да го признае современиот македонски јазик, од 1945-та, јазикот кој се користи и денес. Проблемот е во откажувањето на корените на тој јазик, на делата на просветителите и преродбениците во 19-ти век, на делата пишувани на народен македонски пред да биде кодифициран. Ако е успех што прифатиле дека имаме современ јазик кој е измислица на комунистите и Тито, слободно славете. Ионака во недостаток на победи овде ги славиме поразите.
А ваквите менувања на историјата, а со тоа и на јазикот, како што веќе почнаа, ќе одат преку Историската комисија и комисијата за усогласување на учебниците, напиша Божиновски.