Спасовски дециден: Да се спречи секој кој мисли дека неговиот бизнис е поважен од судбината на два милиони граѓани!

t

Во интервјуто на Спасовски во „Вин Вин“ на ТВ Телма, одговарајќи на прашањето околу пораката што ја упати В.Д. амбасадорот на САД во Македонија Ерик Мејер, дека недостига едно парче во антикорупциската сложувалка во државата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со потврда дека пораката е упатена до сите оние кои се обидуваат своите интереси да ги стават пред интересите на граѓаните и на државата, и во делот на политиката, а особено во делот на бизнисот.

„Секој еден кој што смета дека тој, неговите пари, неговиот бизнис се поважни од судбините на два милиони граѓани на оваа држава – секако тоа треба да биде прекинато“, порача министерот Спасовски, додавајќи дека постојат структури кои што ги злоупотребуваат позициите во институциите, но и пошироко.

Во однос на лажните дојави за бомби во скопските училишта, министерот вели дека сега сите разбираат колку е важно да се изгради систем отпорен на сајбер криминалот, систем на отпорност во делот на нападите, или поголема сајбер безбедност или култура на институцијата.

-Има два елемента во делот на пријавите – едно е напад на системи кои ги имаат институциите, а второто е пријави од граѓани за разни кривични дела направени по електронски пат. Таму каде се доаѓа до конкретни податоци, ИП адреси, податоци за социјални мрежи, онаму каде може да биде покренато соодветно обвинение, тоа е покренато. Но, некаде не може, ниту преку меѓународна правна помош, рече Спасовски во вчерашното гостување во Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…