Објавено на:

(Видео) Путин за негирањето на руската култура: Некогаш нацистите палеа книги, сега Западот ги забранува Достоевски и Чајковски

t

Владимир Путин во вчерашното обраќање до нацијата зборуваше за недозволивоста на негирањето на руската култура и уметност за време на завршната пленарна седница 19-от состанок на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдаи“ .

– Некогаш нацистите отидоа до палење книги, а сега западните „чувари на либерализмот и прогресот“ се наведнаа до забрана на Достоевски и Чајковски. Таканаречената култура на откажување… коси сè живо и креативно, не дозволува да се развие слободната мисла во ниту една област: ниту во економијата, ниту во политиката, ниту во културата.

Либералната идеологија денес се промени до непрепознатливост. … Сега целосно дојдоа до точка на апсурд, кога секое алтернативно гледиште се прогласува за субверзивна пропаганда и закана за демократијата. … Сѐ што доаѓа од Русија е „заговор на Кремљ“.

Што може да се каже на ова? Историјата, се разбира, ќе стави сè на свое место и ќе ги откаже не најголемите дела на универзално признатите генијалци на светската култура, туку оние кои денес поради некоја причина одлучија дека имаат право да располагаат со оваа светска култура по сопствена дискреција. Самоувереноста на таквите личности не знае за граници, но за неколку години никој нема ни да се сеќава на нивните имиња, а Достоевски ќе живее, како и Чајковски, Пушкин – без разлика како некој не би го сакал тоа, рече рускиот претседател.

Видеото од неговото обраќање го објави руската амбасада на Фејсбук – ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…