Пендаровски не оди лично ама ќе го испрати Миле Бошњаковски на отварањето на македонскиот клуб во Благоевград
Иако лично нема да присуствува, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски ќе испрати свој претставник на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, потврдуваат од Кабинетот на претседателот за „Фокус“.
Во недела на отворањето ќе оди генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски.
Претседателот Пендаровски, вчера доби покана за отворањето на Македонскиот културен клуб – „Никола Вапцаров“ во Благоевград на 30 октомври 2022 година (недела).
Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, велат од Кабинетот за „Фокус“.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…