Поврзување на Македонија со Косово: Владата избра поскапа делница за патот од Тетово до Призрен од понудената
Владата ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово – Призрен преку Шар Планина.
Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од онаа која ја препорачаа експертите кои ја изработија анализата за економската оправданост, според нив, најдобрата траса е варијантата со тунел од 3,2 километри, пишува Порталб.
Според владината одлука, патот Тетово-Призрен ќе оди преку селата Шипковица, Бродец, Вешала и потоа ќе продолжи кон подножјето на врвот Кобилица и границата со Косово, каде што ќе се пробива тунелот долг 6,4 километри, а на косовска страна патот би продолжил преку селата Манастирица и Речане кон Призрен.
Од ЈП за државни патишта (ЈПДП) велат дека по одобрувањето на трасата, во тек се работите за програмата за проектирање.
Што се однесува до активностите поврзани со проектот за изградба на патот Тетово – Призрен, ве известуваме дека по одобрението од Владата, Градежниот факултет веќе работи на програмата за проектирање на трасата на патот, велат за Порталб од ЈПДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…