Бугарскиот премиер: БУГАРИЈА ГИ ПОСТАВИ СВОИТЕ УСЛОВИ, тоа што е во договорот да се исполни

t

Патот по кој треба да се движите е строго исполнување на сите критериуми и договори кои се преземени пред ЕУ како целина. Бугарија е дел од ЕУ и Бугарија ги постави своите услови, но условите кои се веќе утврдени од земјите членки на ЕУ се поддржани со потпис од сите 27 земји. Така што, тоа што е во договорот и тоа што треба да се исполни за да биде одржана правата меѓувладина конференција, која што го означува стартот на преговорите за членство во ЕУ, тоа е нешто кон кое треба да се стреми Македонија.

Ова го изјави бугарскиот премиер Галaб Донев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Според него внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на Македонија е еден од условите кои земјата ги презема како обврска не само во билатералниот протокол од Договорот за добрососедство и соработка, туку со потпишувањето на т.н. „француски договор“. Тоа е обврска не само кон Бугарија, туку и кон сите останати земји членки на Европската унија.

Бугарскиот премиер, исто така, изрази благодарност до премиерот Ковачевски, оценувајќи дека Владата на Република Македонија држи многу точна, јасна и европска позиција.

-Позиција што ќе ја изнесе Република Македонија на вистинскиот пат за членство во ЕУ, кон еден свет со повеќе вредности и слободи и благосостојба, рече Донев

Денешниот пример за отпочнување на источниот дел од Коридорот 8, Донев рече дека, е дел од оние проекти и дејствија што треба да ги преземаат владите за да има многу подобар живот и тоа е примерот што треба да се следи.

-Се останато само пречи на нашиот пат кон заедничките вредности и добросостојбата на двата народа, нагласи Донев.

Со членството во ЕУ, според Донев, обврските на земјата се прошируваат, исто како и правата и слободите на граѓаните.

-Затоа има голем број договори, конвенции и Копенхашките критериуми кои треба да ги исполни секоја една држава, така што граѓаните на ЕУ ги уживаат еднакво исто сите права и обврски кои ги има секој еден граѓанин на ЕУ. Тоа е еден долг и сложен процес, но резултатот и изминатиот пат е еден подобар живот за граѓаните на земјата која станува членка на ЕУ. Едно подобро ниво на живот, подобра благосостојба, живот без граници меѓу државите, слободен проток на стоки и луѓе. Тоа се основните принципи кои си ги поставува ЕУ како цел, изјави Донев, по означувањето на почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…

Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…

(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…

Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…

САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…

Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…

Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте…

Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше…