Јакимовски откако Мицкоски му отвори фронт на Груевски: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас!
Таче заедно со странците се обидува да направи предизборна коалиција со сите албански партии‼️
Додека пак лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ако нема со кого да завојува наутро сам на себе си удира бокс во сопственото огледало.
За 9 месеци успеа завојува со мене и ГРОМ, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а сега гледам војува и со ЛДП. Како што кажуваат Пенов бил транзициски политичар, а до вчера во градскиот совет им беа Михајло Маневски и Владо Поповски кои заедно имаат 160 години и се во политиката уште од Коча Поповиќ.
Трајко Славевски -талентот не бил транзициски зошто само 3 години помалку бил на функции од Пенов кој во 1996 година стана Градоначалник на Скопје, а Трајко во 99 стана министер за развој‼️
Хипокризија‼️‼️‼️
Малку му бевме ние па сега отвори фронт и према Никола Груевски‼️
Ќе го ставал во затвор, требал да лежи.
Толку ли нема осет дека најмалку 30/40% од членството во партијата се “Груевсти” и со длабока почит кон својот поранешен лидер.
Запомнете го следниво, времето во ВМРО ќе се мери до Груевски и после Груевски. Или да ви преведам, пред и по него се е празно.
Нема приказна, нема резултати, нема успеси нема 500илјади гласови.
Незнам како мисли да тера понатаму со секојдневно отварање на нови фронтови⁉️
Премногу е слаб да војува со нас и затоа би му дал еден совет: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас.
Таму полесно ќе пројдеш‼️
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…