Спасовски очекува мирно да помине отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во дневникот на телевизија Сител беше прашан за тоа каква е соработката со безбедносните служби во регионот, во однос на тоа дека за утре е најавено отворање на македонскиот културен клуб во Благоевград, на кој ќе присуствуваат официјални претставници од државата, а со оглед на тоа дека се најавени и протести, односно каква е можноста да се очекуваат некакви проблеми во Благоевград.

– Генерално имаме одлична соработка со сите безбедносни служби, министерства од регионот и тоа е наша задача, тоа е наша обврска, на секоја служба, на секое МВР, да се сочува пред сѐ националната безбедност и сигурност на граѓаните и државата, меѓутоа да ја зачуваме и сите заеднички нашата регионална безбедност. Така да, постојат информации, податоци, се разменуваат тие информации и податоци, се прават проценки на ризик во секој од овие делови и апсолутно мислам дека како што се преземаат мерки во РСМ за организација на било кој настан, дали се протести, спортски натпревар, културен настан, итн, ќе треба да се обезбеди и тој настан кој се реализира во Бугарија – истакна министерот Спасовски.

Прашан дали очекува мирно да помине настанот, министерот Спасовски беше дециден:

– Апсолутно, тензии секогаш може да има, меѓутоа органите на редот се тие кои треба да го сочуваат мирот, стабилноста и пред сѐ здравјето и животот на луѓето и нивниот интегритет – заврши министерот Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД повикаа на зголемена претпазливост по иранските…

Американската амбасада во Кувајт ги повика американските…

Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте…

Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше…

Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци,…

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена…

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за…