Владата потсетува дека ноќва почнува зимско сметање на времето
Преку објава на социјалните мрежи, Владата потсетува дека ноќва, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, почнува зимското сметање на времето.
„Летното сметање на времето во 2022 година завршува на 30 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот“, пишува во фејсбук објавата на Владата.
Вечерва во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што официјално ќе започне зимското сметање на времето.
Секои шест месеци во земјава, како и во другите земји од континентот граѓаните поминуваат низ ритуалот на поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред (ако станува збор за премин од зимско во летно сметање на времето) и еден час наназад (ако часовникот се враќа на зимско сметање).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка влегува во трката за Алта…
Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…
Путин првпат се огласи по нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…
Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…
Поранешниот британски министер за надворешни работи и…
Таткото на Кристијан Корабоски ќе се гони…
Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…
Путин: Европејците мора да дојдат во Москва…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека европските…