(Фото) ЗА ПРВ ПАТ во градот Скопје се основа Собрание на млади, со цел посветено да се работи на подобрување на условите за младите лица на локално ниво
На конститутивнaта седница на Собранието на млади на Град Скопје, за прв пат во градот Скопје се основа Собрание на млади на град Скопје, во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.
Собранието на млади на Град Скопје ги избира членовите на Локалниот младински совет на Град Скопје кои согласно регулативата ги застапуваат интересите на младите и креираат политики наменети за младите на подрачјето на град Скопје.
Со ова за првпат е формирано Собрание на млади на Град Скопје, со цел посветено да се работи на подобрување на условите за младите лица на локално ниво, а формирањето на Локалниот младински совет значително ќе придонесува за зголемување на учеството на младите лица во носењето на одлуките од нивен интерес.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите го потпишав и решението за формирање Собранието на млади на Град Скопје, а Иницијативниот одбор по спроведен јавен повик за учество на конститутивно Собрание на млади на Град Скопје ги избра делегатите на собранието. Во Собранието членуваат претставници од младински организации, подмладоци на политички партии, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.
Формирањето на Собрание на млади на Град Скопје, од кое произлегува и формирање на Совет на млади на Град Скопје и Законот за младинско учество и младински политики, се реализација на мерки како дел од програмата „За модерно Скопје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…