Арсовска: Се завршува првата фаза од реконструкцијата на улицата Тодор Александров

t

Се завршува првата фаза од реконструкцијата на улицата Тодор Александров која води кон Водно, информира радоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Со овој проект се обновува површина од 18.580 м2 на должина од 2820 метри, и воедно целосно се обновува и системот за одводнување, вклучително и нивелирање на шахтите и сливниците.

Барањето за реконструкција на оваа улица по која секојдневно се движат илјадници заљубеници во природата кон Водно, е истакнато како децениски проблем со цел подобрување на безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот при движење по коловозот.

Изведбата на градежните зафати на овој проект за реконструкција на улицата Тодор Александров ги изведува Јавното претпријатие “Улици и патишта”, додека Јавното претпријатие “Паркови и Зеленило” едновремено отпочнува со акција за зазеленување со нови садници, реконструкција на видиковци и еко урбана опрема на потегот кон Средно Водно, напиша градоначалничката на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…