Украина бара Германија да не ги засолнува Русите кои избегнуваат мобилизацијата
Украина бара Германија да не ги засолнува Русите кои избегнуваат мобилизација.
Новиот украински амбасадор во Германија, Олексеј Макеев ја повика Германија да не ги прима Русите кои ја напуштиле својата земја за да избегнат воена мобилизација опишувајќи ги како „безбедносен ризик“.
„Тие се млади мажи кои не се каат, но сепак сакаат да ја избегнат воената служба“, рече Макеев во интервју за весникот Билд ам Зонтаг објавено денеска.
Макеев се заблагодари за германската поддршка на Украина во нејзината тековна војна со Русија, но рече дека Берлин треба да се движи со „повеќе брзина“.
„Кога ги гледам акциите на Германија во оваа војна, понекогаш помислувам: По автопатот се движи германски спортски автомобил со 30 километри на час. На крајот, Германија помага, но само кога е речиси предоцна“, рече Макеев.
Макеев стана амбасадор на Украина во Германија на 24 октомври, заменувајќи го Андриј Мелник, кој беше сменет во јули.
Германија донираше оружје за Украина, но украинските власти бараа повеќе. Во една прилика, украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба праша од што се плаши Берлин, а Киев не. Околу 700.000 Руси избегаа од Русија за да ја избегнат мобилизацијата. Тие заминаа во Србија, Турција, Казахстан, Белорусија и други земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…