Кирјаков открива: Уапсениот Македонец од бугарската полиција е Иван Соколов
Атанас Кирјаков информира дека според негови информации задржаниот Македонец од страна на Бугарската полиција денеска е Иван Соколов од Делчево.
– Денес од медиумите разбравме дека на границата кај с.Логодаш од бугарските власти биле задржани двајца Македонци. Едниот Македонец бил ослободен да си оди. Другиот Македонец е уапсен и со лисици на раце е одведен во Софија. Задржаното лице не е барано од Интерпол и нема врска со денешните настани по отварането на македонксиот клуб во Благоевград.
ОМО ,, Илинден ,, од Благоевград разбравме дека задржаното лице е Иван Соколов од Делчево , Р.Македонија. Соколов е еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ во 1990 г.и беше на високи функции во Штабот на Партијата.
Моментално е во Софија. Не се знае кога ќе биде ослободен, напиша Кирјаков на Фејсбук.
Иван Соколов беше и кандидат за градоначалник на Делчево во 2017 година.