Добро утро со Инфомакс: Ќе ги препознаете Македонците – Во очите им е слобода, во вените непокор, на усните заклетва Александрова

t

Давор Крстевски живее во Куманово и пишува поезија на македонски, српски, англиски, руски јазик. Негови песни објавени во збирките „Поезија за душа“ и „Вознес“ го освоиле првото место за најдобра песна за 2014, додека на конкурсот на „Дата Песнопој“ со збирката „Празни ѕвезди“ го освојува првото место и истата е во печат.

Крстевски ја пишува “Македонска одисеја” инспириран од Македонија и Македонците, од пребогатата историја, за жал мачна.

Добро утро Македонци, уживајте во “Македонска одисеја”:

Во темни зандани
длабоко во подрумот
на историјата
во вековните расправии и предавства
млада мома
прекрасна преубава измачена седи.
Очите и се езерата Охридско и Преспанско
градите Шара и Пелистер
Грлото бисер Охридски
усните црвени
Тиквешијата цела
а ставата убава ко
Радика Бела.
Подмолни врескања на накрвавените
измачители, крвопијци гадни
го корнат времето
закачено да виси на
синџирите душмански.
Името името кажи ни го
проклетнице ?
Име ми е Македонија…
Удар безмилосен
полн со омраза гневна…
Македонија велиш а ?
Да Името ми е Македонија…
Тогаш презимето кажи ни го ?
Христијанска
Уште еден удар крвта прсна на сите
страни топејќи ги зидовите на историјата.
Видиш крв а видиш ли ?
Гледам крв, а во секоја капка непокор.
Каков непокор за каков непокор ти Македонијо зброуваш.
За оној што ве уништува секогаш кога на мене
ќе помислите, за оној што се пренаса од татко на син,
од мајка на ќерка,
за оној што искри во очите на мајките
и децата на загинатите кај Вејце
на оној што тлее во душите на секој Македонец како гордост од бога дадена,
за оној сокриен во последните
зборви на борците наши..
Удиранје тапо, сокриено, кукавичко…
Нова крв удира по зидовите на историјата …
А таму крвта испишала, непокор.
Сега непокорот каде ти е а?
Погледнете ги зидовите, погледнете ја историјата
па дури и овдека во овој мрачен подрум
каде и времето го измачувате,
секаде кај е Македонска крв
непокор пишува….
Добро а ти татко имаш,а, или си копиле ..
Имам татко, татко ми е Сонцето Македонско
које секое утро ме осветлува
давајќи надеж и сила за уште
многу векови пред мене…
А мајка каде е мајка ти..
Мајка ми е месечина мила
која секоја вечер храброст и сила
на Македонците дава..
Врисок удиранје ….
Кај ти се сега Македонците а?
Таму кај што секогаш и биле.
Кај се сега да те спасат.
Македонијо Христијанска.
Тука се насекаде по целиот свет
чекаат, зарем не може да ги препознаете??
Удиранје тапо по беспомошното тело..
Кого не може да препознаеме што има
да се препознава…
Ќе ги препознаете
во очите им е слободата
во вените непокорот
а на усните
заклетва Александрова..
Во срцето
во срцето им е Македонија
а во душата верба во бога ..
Така ќе ги препознаете, а јас, јас
имам
Име
Македонија
Презиме
Христијанска
ако сакате да знаете
кога сум родена
Прочитајте ја библијата
таму ќе видите …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…