Десет активни пожари на територијата на Македонија

t

Активни пожари за период од 08:30 часот, на ден 30.10.2022 г. до 08:30 часот на ден 31.10.2022 година

РЦУК – Охрид, известува дека од околу 13:00 часот има активен пожар во атарите на селата Русјаци и Ореовец каде гори сува трева и лисната постелка на непристапен терен. Во текот на попладневните часови екипа од два пожарникара од ТППЕ Македонски Брод и две лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод направиле обиколка на теренот и увиделе дека нема опасност пожарот да навлезе во шума или по населени места. За ден 31.10.2022 година се планираат дополнителни активности.

ТППЕ Кичево, од 14:25 часот, со 6 пожарникари и 2 ПП возила, како и 3 вработени во ШС „Лопушник“ – Кичево, гаснат запалена ниска вегетација во близина на с.Тајмиште. Во 03:00 часот на ден 31.10.2022 година екипите од ТППЕ Кичево беа повлечени, на истиот ќе интервенираат во текот на денешниот ден заедно со ШС „Лопушник“ – Кичево.

РЦУК – Тетово, известува дека во 13:00 часот, добиле дојава за шумски пожар над с.Пожаране (Општина Гостивар) на надморска висина од околу 1.600 метри на тешко пристапен терен. Местото на пожарот се наоѓа во новиот национален парк „Шар Планина“, поради што од страна на РЦУК Тетово се известени одговорните лица од НП. Од одговорните од Националниот парк, РЦУК Тетово добиле известување дека, поради наближувањето на ноќта, на истиот ќе интервенираат во текот на ден 31.10.2022 година, доколку истиот не се самоизгасне во текот на ноќта. По денешно (31.10.2022) извидување, па ако не е самоизгасен пожарот ќе се одлучи како и во кој обем ќе се интервенира и со кои сили, согласно ситуацијата.

РЦУК – Тетово, известува дека ТППЕ Тетово имала две интервенции од кои едната била поради запалена ниска вегетација пред с.Бродец на Попова Шапка, а другата била поради запалено ѓубриште кај с.Челопек. Во двата случаја интервенирале со 3 пожарникари со 1 ПП возило.

ТППЕ – Гостивар, известува дека во период од 00:10 до 02:00 часот, со 4 пожарникари гаснеле ниска вегатација и шума во Маврово анови,

РЦУК – Велес, известува дека на пожарот кај с.Војница (Општина Чашка), што започна во 15:30 часот на ден 29.10.2022 година, е изгаснат во 10:50 часот на ден 30.10.2022 година., интервенирале 5 вработени во ШС „Бабуна“ – Велес, и истите останале на терен до 17:00 часот. Ангажираните на терен укажуваат дека во внатрешноста на пожарот се уште има по некој трупец кој чади. Опожарената површина ќе се утврдува во текот на денешниот ден.

ТППЕ Велес, известува дека во период од 17:23 до 18:55 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од околу 1 хектар помаѓу селата Мамутчево и Иванковци.

РЦУК – Куманово, известува дека во период од 17:15 до 21:40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле ниска вегетација и шума во с.Агино село (автопат Куманово-Скопје).

ТППЕ Старо Нагоричане, известува дека во период од 18:15 до 19:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле ниска вегетација со површина од околу 0,1х. до 0,2х во с.Младо Нагоричане во близина на мала Брдинци.

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје имала две интервенции од кои едната била поради запалена ниска вегетација, во атар на с. Чучер – Сандево, а другата била поради запалено ѓубриште во атар на с. Миладиновци. Во двата случаја интервенирале со 3 пожарникари со 1 ПП возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

16 пожари во Македонија, само 6 се…

До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…

Ангелов подели признанија и плакети на дел…

Директорот на Центарот за управување со кризи…

Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното…

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе…