Паркирал кој каде ќе стигне: Санкционирани 183 непрописно паркирани возила во Центар!

t

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 183 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 24-ти до 30 октомври со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

од ЈП ПОЦ и од Општина Центар велат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура,  и најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општината со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паркинзи Битола во минус, општината ангажира приватна…

Општина Битола распишува тендерска постапка за смирување…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

СРАМОТА! Хаос со паркирање на Клинички, брза…

Хаосот со паркирање на Клиничкиот центар „Мајка…

Урнебесно – Само во Бугарија: Жена паркираше…

Постара жена го „слетала“ автомобилот на друг…

Паркирал кој каде ќе стигне: Санкционирани 183…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…