Ковачевски : ВМРО-ДПМНЕ сега е спремно да разговара за уставните измени

t

Уставните измени се прашања на процедура и штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура во која ќе учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда и низ една дискусија да се дојде до целта, односно Устав кој ќе соодветствува на најголемото мнозинство кое е застапено во парламентот, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан за неговиот став за предлогот на неколку политички партии од албанскиот блок, односоно дали е прифатливо да се укине формулацијата 20 проценти од Уставот што, според нив, ќе било и услов за усвојување на уставните измени, Ковачевски рече дека добро е што се разговара за уставните измени, и добро е што веќе нема политичка партија која се противи на спроведувањето на уставните узмени.

На почетокот знаете дека имаше политички партии, особено ВМРО-ДПМНЕ кој по никоја цена не сакаше да разговара, меѓутоа сега имаат став во кој што е различен и велат „да“ може да се раговара со одредени услови, исто како и другите политички партии кои имаат исто свое гледање на уставните измени, истакна Ковачевски на прес-конференцијата на која ги презентираше мерките за поддршка на стопанството и граѓаните.

Потенцираше дека на сите треба приоритет да им биде продолжување на патот до Европската Унија и тоа да биде приоритетот и за ова прашање, зошто почнуваат уставните измени, а тоа е, како што рече, што побргу затворање на скрининг фазата на преговотите и отворање на прговарачките поглавје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци,…

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена…

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за…

Комерцијална банка влегува во трката за Алта…

Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…

Путин првпат се огласи по нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…

Поранешниот британски министер за надворешни работи и…