Јовановиќ: Ако добро преброив, Урсула на два пати му се обрати на премиерот со „ДРАГ ДИМИТАР“, што во превод би значело дека зад С. Македонија стои ЕУ лично – тоа не е мала работа
Топ фанот на СДСМ Ненад Јовановиќ заклучува дека позади С. Македонија стои Европска унија, а заклучокот го изведува од обраќањето на Урсула фон дер Лајен, која ДВА ПАТИ во текот на прес конференцијата му се обратила на премиерот со „ДРАГ ДИМИТАР“.
„Претседателката на Европската комисија, Урзула фон дер Лајен, вечерва, на премиерот Ковачевски му се обрати – на два пати, ако пребројав добро – со “драг Димитар”, што значи му се обрати епистоларно, пријателски и со милост; што во дополнителен превод би значело дека позади С. Македонија стои Европската Унија лично. А, тоа, не е мала работа, напротив, тоа е неверојатна сила на заедништво и солидарност.
Надвор од сите дипломатски конвенции, вечерва добивме експлицитна и директна поддршка “в лице” дека патот кон Европа е трасиран.“, пишува Јовановиќ на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетничка нападната од две врснички во Кавадарци,…
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…
Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена…
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за…
Комерцијална банка влегува во трката за Алта…
Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…
Путин првпат се огласи по нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…
Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…
Поранешниот британски министер за надворешни работи и…