БОЛНА РАБОТА: 21-годишник сексуално малтретирал 31 момче!

t

Загрепската полиција уапси 21-годишен дечко под сомнение дека преку социјалните мрежи извршил 56 кривични дела, при што им била нарушена сексуалната слобода на дури 31 малолетник. Меѓу делата за кои се терети е и подведување и силување деца и нивно искористување за порнографија.

Полицијата во понеделникот соопшти дека во текот на септември и октомври во соработка со колегите од Вараждин и загрепското жупаниско државно обвинителство, спровеле оперативна акција Немезис VII, со која е утврдено дека 21-годишникот извршил 56 кривични дела на штета на сексуалната слобода, пишува Телеграф.

Тој се сомничи дека со користење на социјални мрежи и апликации за споделување содржини извршил кривични дела подведување дете, силување, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило 15 години, експлоатација на деца за порнографија, проституција, закани, воведување деца во порнографија и привлекување на децата да ги задоволат нивните сексуални потреби.

Полицијата го товари дека горенаведените кривични дела ги сторил на штета на 31 малолетно лице и четири полнолетни женски лица, а сторил и едно кривично дело неовластено користење на лични податоци на штета на полнолетно машко лице.

Минатиот четврток 21-годишникот беше предаден на надзорникот на притворот, а на предлог на загрепското обвинителство, истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одреди едномесечен истражен притвор.

Полицијата наведува дека ја користи оваа прилика уште еднаш да го сврти вниманието на младите на ризиците и можните злоупотреби при користењето на социјалните мрежи и апликациите за споделување содржини и да ги поттикне децата да пријават каква било форма на злоупотреба или обиди за сексуално експлицитно однесување на интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Куманово: Татко ја силувал малолетната…

Жител на кумановско село e пријавен во…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Ужас во Скопје: Малолетник силувал 14-годишник

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз…

Албански државјанин се обидел да силува жена…

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…

Млади Босанец и Хрват силувале 74-годишна жена…

Австриските медиуми открија шокантни детали од силувањето…