Владата соопшти дека има договор за набавка на гас за грејната сезона
Договор за гас има, но деталите се уште не се откриваат. ЕСМ утре ќе соопшти од кого, колкави количини, по која цена и за кој временски период е набавен енергенсот. Додека топланите ги трошат последните залихи гас за производство на топлинска енергија, од Владата повторно им порачаа на граѓаните да бидат спокојни бидејќи нема да останат без парно.
Според информациите кои последно ги соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, гас ќе има доволно за да се стави во функција и ТЕ-ТО кој ќе покрива 60 до 70 отсто од потребите за топлинска енергија.
Бектеши денеска беше во Софија на потпишувањето на договорот помеѓу ГА-МА и бугарскиот оператор за пренос на гас Буглартрансгаз за зголемување на капацитетот на интеконекторот.. Според проценките, сега Македонија ќе може да добива дополнителни 500.000 нормални метри кубни гас, но и отвора можност за снабдување од повеќе извори. Договорот ќе почне да се имплементира од Нова година.
„Многу е важно да се наведе фактот дека после независноста на нашата држава за прв пат се либерализира пазарот на природен гас и тоа секако дека е согласно ЕУ директивите и се зголемува конкурентноста во делот на трговијата со природен гас во нашата држава и еднаш засекогаш ќе се укине монополската улога на одредени компании кои години наназад тргувале со природен гас.“- Крешник Бектеши, министер за економија
Освен активностите за набавка на гас, од Владата по вчерашната вонредна седница потврдија дека ќе има повластена цена на струјата за производителите на основни прехрамбени производи од 80 евра по мегават час како и за основните, средните училишта и јавните претпријатија за водовод и канализација од 95 евра по мегават час. Надлежните уверија дека и за овие институции ЕСМ во целост ќе ги покрие потребните количини електрична енергија. Истовремено им забранија на општините да формираат претпријатија за улично осветлување, за да не го заобиколуваат законот и на тој начин да се враќаат на регулираниот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…
Јанаки: Домашно воспитување луѓе, отидовме јабана!
СЕ Е ДО ДОМАШНОТО ВОСПИТУВАЊЕ!!!! Не случајно…
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…
Израел се соочува со нова сериозна политичка…