Русите тврдат: „Најдовме против-отров за западните санкции“
Според рускиот министер за финансии, Русија може да се справи со ограничувањата што и ги воведоа западните земји поради нападот врз Украина.
Шефот на руското Министерство за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија „нашла противотров“ на западните санкции, пренесува Пословни дневник.
„Заедничката заслуга, вклучително и Министерството за финансии, е што развивме цела низа мерки за да одговориме на тешката ситуација. Веќе имаме приближна програма за дејствување, програма на одлуки како ќе ја градиме економијата, финансиите. Веќе имаме одредени рецепти за работа во такви ограничувања“, рече Силуанов.
Според рускиот министер за финансии, Русија може да се справи со ограничувањата што и ги наметнаа западните земји поради нападот врз Украина.
„Веќе научивме како да одговориме на ограничувањата со кои треба да живееме. Најдовме противотров за овие санкции“, рече тој, пренесе Тас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…