Секој ден дојави за бомби ама Спасовски вели безбедносната ситуација е генерално поволна
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред амбасадорите од земјите-членки на ЕУ рече дека безбедносната состојба на државните граници во моментов е генерално поволна.
Според Спасовски главни предизвици кои тој ги издвои се илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но не се регистрирани посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза.
-Во првите десет месеци спречени се 22 806 обиди за илегално преминување на границите или речиси пет илјади обиди повеќе во споредба со истиот период лани. Најголем дел од обидите за илегални преминувања, впрочем како и во претходните години, се спречени на јужната граница со Република Грција, 20 858. На оваа граница е забележан пораст за речиси 30 отсто во однос на истиот период лани. Во однос на земјата на потекло на мигрантите при спречените обиди, доминираат мигрантите од Сирија со 9 290 кои во однос на минатата година се значително зголемени, додека во првите топ пет земји се вбројуваат и мигранти од Пакистан, 5 324, Авганистан 1 737, но и Индија, Мароко и Куба, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски со пораки на Комитетот на министри…
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…