Тензично во Србија: Непознати летала ја набљудувале српската војска, Вучиќ дал наредба да се уништат!
Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ денеска издаде официјална наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.
На ваков чекор Вучиќ се одлучил по инцидентот што се случи во областа над Мердар и во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на вооружените сили на Србија, јавуваат белградските медиуми.
За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Недолго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа ќе биле уништени бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…