Двајца Бугари имамиле охриѓанец: Му земале повеќе од милион денари!

t

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „измама“.

Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и, лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.

Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.

На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија депортира Бугари обвинети за шпионажа за…

Двајца Бугари кои беа обвинети во Велика…

Радев: Македонија треба само да ги впише…

Единственото нешто што треба да го направи…

Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека…

210 Бугари од Македонија се пријавиле за…

На денешните парламентарни избори во Бугарија се…

Во Бугарија пријавени рекордни бројки на странски…

Бугарија известува за рекордно враќање на Бугари…