(Видео) Јакимовски: Советникот од Карпош имаше лесни телесни повреди – очекувам и инсистирам детална истрага од страна на МВР

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција пред Општината зборуваше за немилиот настан кој се случи во скопски Карпош, каде што беше физички нападнат Советник од Општината.

,,Јас очекувам и инсистирам, вчера на полицијата им беа дадени снимките од безбедносните камери, дека ќе направат детална истрага имајќи во предвид дека случајот веќе пред еден месец беше пријавен во полиција и беше алармирано дека момчето е под постојани закани кои што доаѓаат од врвот. Ако обезбедувањето на Мицкоски му се заканува, што тоа значи. Ако овие луѓе сега се поставуваат вака, што ќе значи кога ќе дојдат на власт, ако дојдат” , изјави Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош потенцираше дека Советникот имал за среќа лесни телесни повреди, но дека овој чин е за секаква осуда.

Александар Илиески момчето и Советник кој беше нападнат, е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, кој во изминатиот период јавно изразувал несогласување со политиките и одлуките на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…

Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…

Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…

Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…

Две малолетнички нападнале девојче во Кавадарци –…

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…

Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…

Автобусите и товарните возила се под засилена…

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…