(Видео) Јакимовски за нападнатиот Советник: Ова ли го договараа Мицкоски и Јаревски на ручек кај пратеникот за време на викендов!?
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција пред Општината зборуваше за немилиот настан кој се случи во скопски Карпош, каде што беше физички нападнат Советник од Општината.
,,Сакам јавно да го прашам господинот Мицкоски, ова ли го договараа на ручек кај пратеникот и претседател на Општински комитет Карпош, Тони Јаревски за време на викендот? Напад на Советникот на кукавички начин со маска… Очигледно дека се влезени во некој филм. Само сакам да ги прашам зошто вака насилно не се однесуваат кон оние осум предавници кои го променија името на Република Македонија и што го поддржаа договорот. Се однесуваат насилно само кон оние кои што мислат дека се посилни” , изјави Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…