Хаос: Денеска цената на струјата е за 57,12 проценти поскапа од вчера

t

Цената на струјата денеска има значителен скок во однос на вчера на унгарската ХУПЕКС берза која е релеванта за нашите трговци кои го снабдуваат либерзализираниот пазар на електрична енергија на кој се големите компании.

Еден мегават-час базна електрична енергија денеска се продава за 204,54 евра, и тоа е за 57,12 проценти повеќе отколку во текот на вчерашниот ден. Таканаречената пикова цена (кога има најголема потрошувачка) се продава за 258,82 евра за мегават-час и таа е дури за 77,15 проценти поскапа отколку вчера.

Компаниите велат дека во октомври на слободниот пазар плаќале во просек по 400 евра за мегават-час, во септември просекот беше 600 евра, а во август околу 700 евра.

Со одлука на Влада, 200 компании од прехранбениот сектор од декеври ќе може да набавуваат струја преку „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават-час.

Цената на струјата на ХУПЕКС берзата беше најголема во август, затоа што таа на пазарот е поврзана со цената на гасот кој во август се купуваше масовно за претстојната зима и ги преполни резервоарите. Но, топлото време одеше во корист на заштеда на електрична енергија, па во еден момент цената на гасот падна под нула.

Како што велат економистите, каква ќе биде цената на гасот и на струјата е прашање на кој практично никој нема одговор, односно ако некој го знае- ќе стане преку ноќ милијардер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излета „голф“ на патот Куманово-Свети Николе, тешко…

МВР информира дека вчера наутро околу 08:00…

Млад човек починал откако паднал од познатата…

Маж на 21-годишна возраст денеска починал откако…

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…

Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…

Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…