Србите им ги палат автомобилите: Нов запален во Косово кој бил пререгистриран
Косовската полиција соопшти дека во раните утрински часови бил опожарен приватен автомобил од марката Хјундаи со таблички РКС (Република Косово) сопственост на припадник на српската заедница од Зубин Поток. Ова е четврти случај на палење имот на лица со регистарски таблички РКС, што косовските власти го карактеризираат како „заплашување“.
Последен пат сличен инцидент се случи на 27 октомври, кога на територијата на општина Лепосавиќ беше запален автомобил кој беше пререгистриран во РКС.
Од косовската полиција наведуваат дека остануваат посветени на спроведувањето на законот, а наведуваат дека случајот со палењето на автомобилот ќе се истражува и расветлува, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крушевчанец приведен откако полицијата дома му нашла…
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…
Зеленски против избори за време на војна:…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето…
Трамп обвинет за можен судир на интереси:…
Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на…
ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање…
На терен е ангажиран голем број екипи…
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…