Официјално: Владата ги покани политичките лидери на лидерска средба во понеделник!
Владата денеска испрати покана до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7 ноември во Собранието, потврди владината прес-служба за МИА.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека ќе испрати покани до партиите, а од Владата соопштија дека средбата се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.
Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека е во ред е да бидат отворени картите и да се разговара за уставните измени и за европската иднина на државата, но предност мора да има прашањето за спроведување предвремени парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…