Бомба од Митревски: За внесување на Бугарите во Уставот се зборувало и во 1991, 2001 и во 2018 година?!

t

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Никола Митрески изјави дека лидерската средба е за европската иднина на земјава, не само во поглед на уставните измени, туку и за сите прашања кои што се поврзани со иднината на Македонија.

-Да не лицитираме со прашања, барања и изјави надвор од местото каде што треба да се разговара, туку да се разговара таму каде што треба. Лидерската средба, со учество и на пратениците, треба да биде местото каде што ќе се разговара за сите прашања. Според тоа што е кажано и од премиерот Ковачевски, на таа средба ќе има и претставници на пратеничките групи и да зборуваат за прашањата поврзани со нашиот европски пат. Поканата е пратена до сите партии кои се определиле за европскиот пат. Зборуваме за нешто што е стратешки интерес на земјата, рече Митрески.

За уставните измени во Собранието, пратеникот вели дека во земјава се зборувало и во 1991, 2001 и 2018 година за наше барање да бидат внесени Бугарите во Уставот.

-Зошто не се случило претходно бидејќи Бугарите не сакале да бидат внесени во Уставот, затоа што според нивната мантра тие ни ја признаваат државата, но станува збор за еден народ во две држави. Сега со внесувањето ќе го потврдиме македонскиот идентитет, рече Митрески во емисијата „Само вистина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да му помогнеме на малиот Јован –…

Јован е две годишно детенце, близначе на…