Градоначалничката Арсовска се сретна со новоименуваниот министер за локална самоуправа Ристо Пенов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со новоименуваниот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов.
– Денес остваривме средба со новоименуваниот министер за Локална самоуправа и поранешен Градоначалник на Град Скопје, г-динот Ристо Пенов.
На средбата разговаравме за тековните проекти на кои градот работи, како и за подобрување на условите и квалитетот на живот на жителите на Скопје. При тоа се истакна можноста за интензивирање на соработката помеѓу Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, во насока на остварување на целите на општините и утврдување на идни чекори за дејствување на двете институции.
На средбата беа истакнати конструктивни предлози и идентификувавме дополнителни можности за соработка, соодветни на приоритетите на двете институции, со што ќе се делува со цел обезбедување одржлив развој на единиците на локалната самоуправа, објави Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…