Арсовска одржа редовен координативен состанок со директорите на јавните претпријатија во Скопје

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа редовен координативен состанок со директорите на јавните претпријатија во Скопје на кој се дискутирало за реализација на отпочнатите проекти.

– Денеска одржавме редовен координативен состанок со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје. На состанокот се дискутираше за степенот на реализација на отпочнатите проектни активности на терен, како и за планираното отпочнување со имплементација на проекти со кои ќе се обезбеди подобра иднина, поквалитетни услови и подобри услуги за секој граѓанин на Скопје.

Од страна на сите јавни претпријатија, интензивирани се работните активности на терен, со цел транспарентно, одговорно и навремено да се исполнат заложбите од програмата “За модерно Скопје”. Градот Скопје отпочна со системско решавање на предизвиците и спроведување реформи со цел ефикасно, праведно и правично обезбедување на услугите во интерес на граѓаните, информираше Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…