Зечевиќ: Државотворноста и солидарноста се постулати на СДСМ
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска ги продолжува теренските активности и посети на градовите и општинските организации на партијата ширум земјава.
Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со членовите на општинската организација на СДСМ во Тетово, каде со присутните разговараше и за повеќе актуелни теми.
Зечевиќ порача дека државотворноста и солидарноста се постулати на СДСМ, а европските вредности, визијата и државничките одлуки се одликата на четирите букви на партијата. Да се биде дел од СДСМ, додаде Зечевиќ, значи да се биде на вистинската страна, да се носат државнички одлуки и политики, информираат од СДСМ.
-Државотворноста и солидарноста се наши постулати. Со гордост може да кажеме дека 31 години СДСМ е на вистинската страна на историјата и на македонската држава. Затоа придонесот на секој поединец од партијата го вреднуваме, затоа што секој член на СДСМ е вграден во тие процеси кои се државнички, рече Зечевиќ.
Како партија која почитува на вредностите на НОБ и антифашизмот, наша следна цел, следна политичка борба, на оваа генерaција македонски политичари е полноправно членство во ЕУ. Како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет. Тоа е концетот за Европска Македонија кој денеска е современ, вистински патриотизам, додаде Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ потенцираше дека СДСМ е консолидирана и повторно на победничките патеки.
– СДСМ е повторно на победничките патеки и целосно консолидирана. Резултатите од вонредените локални избори го потврдија тоа. Убедливо победивме во Маврово и Ростуше и Центар Жупа а овде во Тетово ја намаливме разликата со ВМРО-ДПМНЕ додека соодносот на советници го задржавме. Победата на овие вонредени избори, според бројот на освоени гласови во сите три места каде што се случија испраќа порака дека кај граѓаните е јасно издиференцирана потребата да се отрфлат блокади и деструкции и да се поддржат државнички политики, рече Зечевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…