Митко Удоџи: Горд сум што сум Бугарин
Нигерискиот фудбалер Шалозе Удоџи Чигози, кој по цели 16 години се врати во Вихрен од Сандански, во интервју за бугарските медиуми вели дека е горд Бугарин. Удоџи има и бугарски пасош, во кој името му е Митко Атанасов Динев.
Митко има играно за младинската селекција на нашиот сосед.
„Бугарија е дел од мене, ја сакам државата. Никогаш нема да ѝ свртам грб на Бугарија. Во Грција ме викаа Пантелис, но секаде низ светот велев дека сум горд Бугарин. Сакам да се забавувам, имам 36 години, но се чувствувам како да имам 16“, вели црномурниот Митко, кој се чуди како Лудогорец десет години по ред е шампион бидејќи порано имало неизвесност и конкуренција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Мојата задача како премиер не е…
Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по…
Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Гаши: 23 Октомври нè потсетува на истрајноста,…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Убиство во Ѓорче Петров
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…