Македонија не е на Балканот? Донев: Бугарија работи на интеграција на земјите од Западен Балкан

t

Регионалната соработка во Југоисточна Европа е водечкиот надворешно-политички приоритет на Бугарија, изјави нивниот технички премиер Гулаб Донев во својот говор на самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан во Берлинскиот процес, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Донев, ова го надополнува и го надградува процесот на европска интеграција, ја поддржува демократизацијата и развојот и ја зајакнува стабилноста и безбедноста на регионот.

Бугарскиот премиер изјави дека неговата земја е посветена и активно работи со земјите од регионот за нивна успешна европска интеграција, врз основа на нивните сопствени заслуги.

Проблемите поврзани со енергетската безбедност со кои се соочува секој може да се надминат, а енергетската транзиција може да се постигне само преку засилена регионална соработка, изјави Донев на работната сесија на тема „Безбедност на енергетските испораки и трансформација“.

Бугарскиот премиер ја истакна клучната улога на меѓусистемската гасна врска меѓу Грција и Бугарија за диверзификација на изворите на гас, за подобрување на безбедноста и флексибилноста на испораките, како и за промовирање на конкуренцијата во корист на крајниот корисник.

Донев укажа и на напредокот во изградбата на гасната врска меѓу Бугарија и Србија, која, исто така, е од стратешко значење.

Тој во својот говор го претстави и договорот потпишан меѓу „Булгартрансгаз“ и државната компанија на Република Македонија „ГА-МА“ за изградба на нов интерконектор меѓу Бугарија и  Македонија.

Донев зборуваше и за напорите на Бугарија да обезбеди институционална поддршка на Македонија за надминување на енергетскиот дефицит, потсетувајќи дека Бугарија традиционално е нето-извозник на електрична енергија и игра клучна улога во енергетската безбедност на земјите од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…