ЕСМ ќе проверува дали топланите можат да работат на дизел

t

Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска информираше дека ЕСМ со превземањето на топланите „Исток“ и Запад“ ги подготвува да можат да работат на алтернативо гориво – дизелот, како втора варијанта во случај да нема природен гас или екстремно високи цени.

-Од 15 ноември ќе бидеме подготвени да направиме одреден тест период да се вклучат топланите на дизел гориво со цел да го пробаме системот и да видиме дали може да работи и со овој енергенс, затоа што во минатото работел на мазут кој е еколошки многу понеподобен отколку дизелот. Затоа имаме препорака да го подготвиме системот да биде функционирален. Временските услови и намалениот конзум на топлинска енергија ни дозволува да го направиме тој тест период, за да бидеме сигурни понатаму и да видиме можеме во целост да ги задоволиме потребите за граѓани, изјави Ковачевски.

Ковачевски рече дека од 15 до 30 ноември ќе се види дали ќе се задоволи конзумот од домашното производство или ќе има потреба од дополнителна набавка и следствено на тоа ќе се знае како ќе се продолжи до крајот на оваа година.

-Префрлувањето не значи дека граѓаните ќе останат топлинска енергија. Најголем дел од типлинската енергија ќе се добива од ТЕ-То. Ова се прави пред се да се осигураме дека ќе имаме можност овој енергенс за да се употреби за топлинска енергија. Најмалку 10 дена треба да работи од топланите на дизел за да може да се испита и анализира, додаде директорот на ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот поскапува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

ЕСМ ќе се задолжи 30 милиони евра…

Државната енергетска компанија „Електрани на Северна Македонија“…

Мециновиќ до Лабудовиќ: Дали ќе ги разрешите…

Како причина за крахот на 18 мај…

ЕСМ изнајмува механизација за РЕК Битола за…

АД ЕСМ изнајмува машини за потребите на…

Неофицијално: Ова се дел од имињата опфатени…

Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и…