Бербок децидна: Г7 ќе спречи Русија да ги изгладнува и убива Украинците!

t

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) е решена да ја спречи Русија да ги „изгладнува” и „со студ да ги убива” жителите на Украина.

– Нема да дозволиме оваа сурова војна да доведе до масовни смртни случаи на постари и деца, млади луѓе и семејства во зимските месеци што претстојат, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на отворањето на дводневната средба на шефовите на дипломатиите на членките на Г7 во Мунстер, западна Германија.

Организирањето помош за Украина е на врвот на агендата на состанокот, од кој се очекува да биде испратена уште една силна порака до Русија, која од 24 февруари води офанзива против Киев.

Бербок, чија земја претседава со Г7 до крајот на годината, ги осуди руските „подмолни методи” на војување кои се обидуваат да ги „истоштат луѓето од глад, жед и студ, уништувајќи ја цивилната инфраструктура”.

Многу украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, во изминатите недели беа цел на минофрлачки напади врз цивилната инфраструктура, поради што населението страда од недостиг на вода и електрична енергија.

Покрај Соединетите Американски Држави и Германија како претседавач, водечките економии во Групата седум (Г7) ги вклучуваат и Велика Британија, Канада, Франција, Италија и Јапонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…