“Трогателна” изјава на Зечевиќ: СДСМ е печатот на македонската европска идеја

t

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладневно ги продолжи интензивните теренски активности и средби со членовите и симпатизерите на партијата во североисточниот регион на државата.

На работен состанок со членовите на општинската организација во Крива Паланка, Зечевиќ зборуваше за државничките политики на СДСМ и во изминатите 31 години но и нивното значење денеска, за европскиот пат и македонската иднина.

-СДСМ е печатот на македонската европска идеја. Од кандидатскит статус до почетокот на преговорите со заштитен македонски јазик. Ние сме носителите и наша обврска за иднината на оваа земја, овој концепт на Европска Македонија во целост да го релизираме. Членство во ЕУ како Македонци значи исполнување на последната стратешка и национална цел. Рамноправни во европското семејство на народи, со подобар животен стандард и сигурна иднина, рече Зечевиќ.

Придонесот на секој член на СДСМ во реализацијата на овие стратешки, државнички цели е огромен и значаен.  Почеток на преговори со ЕУ со македонски јазик, постигнат благодарение на визијата и одлуките донесени од СДСМ, е континуитет на тој современ македонски патриотизам, додаде Зечевиќ.

-Успеавме политички и економски да ја стабилизираме земјата. Сега од нас зависи. Од секој член на СДСМ очекувам максимална мобилизација, присутност на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите и работа за реализација на овие високи, државнички и национални цели. Затоа што од нашиот активизам, од нашата работа, зависи иднината на државата, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ.ж, пренесуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…