БИЛЕ МНОГУ ЗАГРИЖЕНИ: Бугарското МНР негодува што „Цар Борис и Ванчо Михајлов“ може да бидат затворени

t

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија преку соопштение изрази загриженост дека со измените на законите за здруженија и фондации и за политички партии во Македонија се ограничува правото на здружување на Бугарите во земјава бидејќи има еднострано толкување на историските факти.

Станува збор за законските измени со кои се забрани користење имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх итн., за здруженија, фондации и политички партии во земјава, а кои беа изгласани пред два дена во Собранието.

„Постои сериозна загриженост дека тие (законските измени) имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. Легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени задници. Ограничувањата од ваков карактер во минатото веќе им беа наметнати на Бугарите во Македонија. Со слични аргументи, во 2001 година беше забранета организацијата Радко кој е псевдонимот на Иван Михајлов. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) веќе донесе одлука по ова прашање-велат од бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад…

Италија во догледно време нема да прифаќа…

Електрана во Велика Британија не работи четири…

Електрана во Велика Британија беше не работи…

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…

Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…