Во светот годинава беа убиени 70 новинари и медиумски работници
Повеќе од 900 новинари и медиумски работници се убиени во изминатата деценија, според податоците на УНЕСКО.
Во светот годинава беа убиени 70 новинари и медиумски работници, од кои 15 само во Мексико.
Меѓу најопасните земји за новинарите во овие години беа Украина, Филипините, Пакистан и Хаити.
Ниту новинарите во стабилните демократии не се безбедни, за што сведочат убиствата во Малта, Словачка, Холандија, Грција и САД, објавено е на веб-страницата на Здружението на новинари на Србија.
Меѓународниот институт за печат предупредува дека новинарството стана една од најопасните професии во светот и покрај тоа што новинарите ја откриваат вистината и ги повикуваат моќните на одговорност, го критикуваат и го прават општеството побезбедно, а демократијата посилна.
Меѓународниот институт за печат посочува дека насилството врз новинарите дополнително се влошува со фактот што огромното мнозинство убиства на новинари остануваат неказнети, а неказнивоста поттикнува натамошно насилство, ја ослабува демократијата и му штети на сечие право на вистината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…