За кого? За Македонија! Во Скопје започнува Европско првенство во ракомет
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, уште еднаш искажа поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство.
Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија).
– Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство во салата „Борис Трајковски“, во Скопје, во нашата преубава Македонија. Тоа е голема чест и затоа треба да се покажеме во вистинско светло. Благодарност до целиот тим од РФМ кој макотрпно работи на организацијата. Очекуваме македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, а нашите девојки да ја добијат поддршката која многу ќе им значи. За кого – За Македонија! – истакна Мукаетов.
Преку видеообраќање од таборот на репрезентацијата се заблагодарија на Ракометната федерација на Македонија за можноста да играат на едно Европско првенство и тоа на домашен терен.
– Да почувствуваме што значи да се биде помеѓу најдобрите репрезентации во Европа, да имаме надеж дека репрезентацијата ќе се врати на патот на кој беше пред десетина години. Со големо нетрпение го чекаме почетокот на првенството и се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на нашите навивачи, истакна селекторот, Љубомир Савевски
Во пресрет на утрешниот дуел со Франција (почеток 18 часот), капитенот Сара Ристовска упати апел до македонската јавност да даде поддршка на ракометарките во обидот да остварат што подобри резултати.
– Еуфорија помеѓу нас веќе се чувствува. Има позитивна енергија во репрезентацијата. Дојдете и навивајте за Македонија, порача Рисовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Мојата задача како премиер не е…
Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по…
Зеленски: Киев се противи на ублажувањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот…
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Гаши: 23 Октомври нè потсетува на истрајноста,…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…
Убиство во Ѓорче Петров
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…