Ако Мицковски одбие доброволно да прифати промена на Уставот, ќе му „украдат“ шест пратеници!?
„Ако ВМРО ДПМНЕ не ги прифати уставните измени, тогаш ќе испадне дека е против интеграцијата во Европската Унија и на овој начин ќе биде полесно со старата методологија да се обезбедат уште шест пратеници, кои ќе гласаат за уставните измени! Алијансата за Албанците доби ‘амин’ од албанскиот премиер Еди Рама да влезе во Владата и сега Ковачевски ќе има посилно парламентарно мнозинство, што ќе значи дека нема да биде условуван од никого.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов „Може ли ‘Уставот’ да ја испрати државата на предвремени парламентарни избори!?“
„Журнал“ пишува: „За во понеделник, на 7 ноември е свикана средба на сите политички лидери и тука ќе се расчистат сите дилеми што ќе се случува во иднина. Политичарите имаат два пата. Едниот е да се постигне консензус за уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот и вториот е предвремени парламентарни избори. Првиот пат ќе ја забрза интеграцијата на **** Македонија во ЕУ, додека со оној за избори решението изгледа покомплицирано. Дополнителен проблем за македонската опозиција е барањето на Албанците да се отстрани ’20 отсто” во врска со албанскиот јазик.“
„ВМРО ДПМНЕ е против отстранувањето на ’20 отсто’. ‘Формирањето на дводомниот парламент од суштинска и правна гледна точка значи федерализација. Со ова се урива унитарниот карактер на Македонија.’ – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.“
„Таравари во Тирана – доби ли ‘амин’ да влезе во Владата?“
„Иако на фејсбук во својата објава во врска со средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана Арбен Таравари напиша дека разговарале за инфраструктурата на земјата и лошото раководење од страна на Владата, сепак се чини дека една од главните точки беше добивањето согласност дали Алијансата за Албанците треба да стане дел од Владата.
„Се согласивме околу неопходноста за уставните измени во нашата земја, со цел да се отворат преговорите со ЕУ.’ – напиша Таравари во една единствена реченица.“
„По оваа средба во Тирана Таравари е во Владата на Ковачевски повеќе отколку само со една нога. Ковачевски предупредуваше неколку пати дека ќе има проширување на владата, а Таравари ја остави оваа идеја отворена. Иако Рама не даде информации за што се разговарало, се чини дека сега по оваа средба замолчени се партиските активисти, кои се против влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата заедно со ДУИ и Алтернатива.“
„Не е време за предвремени избори!“
„Лидерската средба ќе ги разјасни дилемите што ќе се случува во наредните месеци. Власта инсистира дека не е време за предвремени парламентарни избори и оти затоа сите политички лидери треба да седнат и мирно и со ум да разговараат за доброто на државата. Најдобро за **** Македонија е час поскоро да се интегрира во Европската Унија. Оваа интеграција за секоја држава имаше тешки предизвици и факт е дека **** Македонија беше принудена да направи многу тешки промени, менувајќи го и името на државата.“
„Сите политички партии, без разлика на нивната етничка или идеолошка припадност, треба да седнат на иста маса и да разговараат за европската иднина на државата. Сега не е време, неодговорно е и несериозно среде енергетска, економска и финансиска криза да се зборува за предвремени парламентарни избори. Иако се чини дека ВМРО ДПМНЕ има предност, ако се одржат предвремени избори, мора добро да размисли и еднаш засекогаш да се однесува како сериозна партија, донесувајќи државни одлуки, кои ќе овозможат подобро утре за сите граѓани.“
„Со внесувањето на Алијансата за Албанците во Владата Ковачевски уште повеќе го стеснува кругот на македонската опозиција и дава јасен сигнал дека има посилно парламентарно мнозинство и оти нема да биде условен од никого. Ако ВМРО ДПМНЕ не ги прифати уставните измени, тогаш ќе му остане ‘жарот во рака’ дека е против интеграцијата во Европската Унија и на овој начин ќе биде полесно со старата методологија да се обезбедат уште шест пратеници од политичките партии, кои ќе гласаат за уставните измени.“
„Ако нема ‘омекнување’ на ставовите на политичките партии, тогаш последниот избор се изборите, но тие не се решение пожелно ниту за власта, ниту за меѓународниот чинител!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…
Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…
Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…
Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…
Две малолетнички нападнале девојче во Кавадарци –…
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…
Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…
Автобусите и товарните возила се под засилена…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…