Масоните пробуваат да влезат во ОЈОГОКК – кандидат за местото на Вилма Русковска член на Големата Масонска Ложа на Македонија спротивно на закон

t

На листата за избор на обвинител за гонење организиран криминал и корупција веќе се потврдени четворица кандидати. Условите ги исполнуваат Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и Вилма Рускоска, а обвинителката Енгјелуша Кадриу-Ллеши ја повлече кандидатурата. Според конечниот список, 163 јавни обвинители од целата држава, во понеделник од 8 до 16 часот треба да гласаат и да го изберат првиот човек на ОЈО ГОКК.

Ислам Абази и Деса Пауновска доаѓаат од Вишото обвинителство на Гостивар, а Вилма Рускоска и Армон Незири од Обвинителството Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, информираше дека во понеделник, по гласањето на обвинителите, Советот ќе треба да го избере кандидатот кој добил најмногу гласови од листата на кандидати, пишува весникот КОХА , во рок од седум дена.

Но, засега се е во ред, освен еден кандидат – чија кандидатура се чини дека е во спротивност со Законот за обвинителството и внатрешните прописи за работа на Обвинителството. Станува збор за Ермон Незири, обвинителот од Вишото обвинителство на Скопје, кој освен што работи во Обвинителството е и член на тајната организација „Македонски масони“, инаку позната како „Големата ложа на Македонија“. Во документ до кој дојде весникот КОХА се наведува дека на 28 септември 2020 година на седницата на „Големата ложа на Македонија“ обвинителот Ермон Незири со тајно гласање е избран за „голем офицер“, додека неговиот мандат ќе биде до крајот на 2023 година.

Во Законот за обвинителството, обвинителите не смеат да членуваат во ниту една организација, правна или тајна, како што не можат да работат на други работни места кои можат да имаат влијание врз работата на правдата.

Потсетуваме, ваков скандалозен случај, поточно именување на државен обвинител, изби во Хрватска пред две години. Во оваа земја, Дражен Јеленица, истовремено член на „Големата ложа на Хрватска“, е именуван за државен обвинител. Но, веднаш по именувањето, хрватскиот министер за правда, Дражен Бошњаковиќ, побара негово разрешување нжж, откако изјави дека „членувањето во тајни организации создава потенцијален ризик за влијание врз работата на обвинителството и е спротивно на законот“.

„Членството во организации не е забрането, но членството во организација како што е масонската е спротивно на законот и претставува потенцијална опасност, бидејќи активностите на самите масонски ложи се тајни. Не сакам да кажам дека некои одлуки се донесени под влијание на членство во таква организација, но самото членство создава потенцијален ризик“, рече министерот Бошњаковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈОГОКК за…

Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за…

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…