Бидејќи ја охрабрила да се вакцинира против ковид-19, докторка ќе оди на суд
Пациентка во Белгија поднесе тужба против матичен лекар откако била вакцинирана против Ковид-19 и имала невролошки последици, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Информацијата ја обелоденува деновиве белгискиот весник Ле Соар.
Докторката и пациентката, чии идентитети се заштитени, најверојатно ќе се соочат пред суд поради тоа што пациентката смета дека докторката ја охрабрила да прими вакцина против Ковид-19 по што добила невролошки последици.
За пациентката вакцините против Ковид-19 се експериментални. Докторката од своја страна тврди дека пациентката сама побарала да биде вакцинирана. Меѓутоа брзо по примањето на вакцината, чија марка исто така не се открива, таа имала нус ефекти од невролошка природа, тврди пациентката во тужбата.
Основата за тужбата се наоѓа во фактот што вакцините против Ковид-19 можат да се сметаат за експериментални, а пациентката вели дека требало од неа да се добие писмена согласност за вакцинирање, согласно белгиски закон од 2002 година, кој гласи дека пациентот мора да биде правилно информиран од страна на лекарот. Законот меѓутоа не содржи одредба за “писмена согласност“. Пациентката ја тужи докторката за “труење со експериментален производ“.
Докторката пак се брани велејќи дека станува збор за “офанзива“ на “антиваксери“ и додава дека само ги следела правилата на белгиската здравствена политика во екот на пандемијата минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…
Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…
Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Полски аплинист падна во недостапен предел на…
Голема спасувачка операција започна денес откако полски…
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…
Италија со нов систем за пресметка на…
Возачите што патуваат низ Италија би можеле…