Борко Ристовски дебитира за Лемго и го шокира Кил!
Македонскиот голман Борко Ристовски го засили бундеслигашот Лемго, а вечерва дебитира за новиот тим и тоа со фантастичен триумф од 33-32 против актуелниот вицепрвак Кил.
Лемго играше одлично на гостувањето кај Кил и го доби првото полувреме со 18-14, по што вицешампионот се обиде да се спаси од дебакл, но сепак не успеа во намерата и го запиша вториот пораз оваа сезона.
Ристовски застана на голот на Лемго, при што прими шест гола и запиша една одбрана, додека во победата најдобар беше Самуел Зендер со девет погодоци.
Лемго со втората победа оваа сезона скокна до 12. место и има шест бодови, додека Кил остана четврти со 14 поени.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…