Лукаревска: СДСМ никого не остава сам во време на криза

t

СДСМ се грижи за сите категории граѓани и за тоа во време на најголема светска економска криза преку два пакети мерки одвоивме над 750 милиони евра или пет отсто од БДП, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ кој се одржа во Неготино.

– Покрај поддршката за ранливите категории граѓани, за компаниите, обезбедивме и 52 милиони евра за дополнителна помош за земјоделците, затоа што во време на светска криза, важно е да имаме зголемено домашно земјоделско производство. СДСМ никого не остава сам во време на криза, истакна Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска посочи дека концептот на СДСМ за солидарност и меѓусебно помагање е сосема спротивен концептот на деструкција штого нуди ВМРО-ДПМНЕ.

– Заради неодговорните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, државата и енергетскиот сектор останаа без 100 милиони евра помош во време на криза, што покажува дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за интересите на граѓаните и државата, туку единствено се грижат за партиските и бизнис интересите. Дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена говори и денешниот партиски панаѓур каде наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваа отчет пред нивниот шеф и шпицен градоначалник Христијан Мицкоски, порача Лукаревска додавајќи дека СДСМ е консолидирана партија, која посветено работи за граѓаните и затоа е фаворит на следните редовни парламентарни избори во 2024 годин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…