Димитров: Бугарската официјална политика упорно не крева раце од амбицијата да не’ направи втора бугарска држава

t

Бугарската официјална политика упорно не крева раце од амбицијата да не’ направи втора бугарска држава, навредувајќи ги Македонците дека се вештачки создадени, дека се историска грешка. Како и Путин за Украинците.

Софија срамно си дозволи црно на бело и среде Брисел да напише дека не го признава постоењето на македонскиот јазик кој за неа е вештачки и посиромашен дијалект на бугарскиот јазик. И ако една ваква политика ја нарекуваме пријателска, игнорирајќи ја реалноста и сопственото достоинство, се разбира дека народот се лути, вели во интервју за Локално, Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи на Македонија и екс вицепремиер задолжен за евроинтеграции.

Нема пријателство, вели тој, без заемна почит и грижа за тоа што му е важно на другиот.

-Кога ве напаѓаат молчењето не може да биде мудрост, може да биде само немоќ и сервилност во надеж дека напаѓачот ќе се смилува, дециден е Димитров.

На прашањето доколку хипотетички има можност да гласа во Собранието за внесување на Бугарите во Уставот, како би гласал, поранешниот МНР на земјава истакнува дека не би гласал без претходно да се направат сите можни и, според него, нужни подобрувања.

– Или да – веднаш би гласал ако ја повлечат Декларацијата доставена во Брисел за негирање на македонскиот јазик написмено и политиката на негирање во суштина, додава на темата Димитров.

Смета дека датумот за членство до 2030 година во ЕУ, поставен од премиерот Ковачевски и вицепремиерот Маричиќ „нема допир со реалноста“.

– Не само што нема брз воз кон Брисел што божем сме го фатиле во последен момент, туку автобусот кон ЕУ засега воопшто нема тркала. Прво, во ЕУ денес не само што нема консензус за оваа временска рамка (словенечкото претседателство се обиде и не успеа да ја вметне 2030 година во завршниот документ на Самитот што го организираа), туку не е јасно дали воопшто ќе има политичка волја за прием на нови членки без претходни внатрешни реформи во Унијата, вели поранешниот вицепремиер во интервјуто.

-Ќе повторам – споредете го ефектот меѓу Преспанскиот договор и „решението“ со Бугарија на односите со овие соседни земји. Преспа беше тежок, но вистински компромис за двете земји; односите се смирени, спорот е затворен. Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик и тоа Грција го прифати, како што ние прифативме дека нашата Македонија е дел од поголем регион и официјално се нарекува Република Северна Македонија. Мислам дека и противниците на договорот од двете страни на границата чувствуваат дека односите се смирени, проблемите во голема мера се зад нас.

А сега погледнете кон односите со Бугарија. Граѓаните се навредени. Бугарската официјална политика упорно не крева раце од амбицијата да не’ направи втора бугарска држава, навредувајќи ги Македонците дека се вештачки создадени, дека се историска грешка. Како и Путин за Украинците. Софија срамно си дозволи црно на бело и среде Брисел да напише дека не го признава постоењето на македонскиот јазик кој за неа е вештачки и посиромашен дијалект на бугарскиот јазик. И ако една ваква политика ја нарекуваме пријателска, игнорирајќи ја реалноста и сопственото достоинство, се разбира дека народот се лути, вели Димитрив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…

Русија ја обучила својата морнарица да насочува…

Советот на Европа ја повикува Бугарија да…

Комесарот за човекови права на Советот на…

Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…

6-годишно дете го уби татко си во…

Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…

6-годишно дете по грешка го уби својот…

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…