(Фото) Тука очите си ги вадат, во Вашингтон сликани како Битлси: Пратеници и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прегрнати во САД – ги вежбаат рачињата за уставни измени
Амбасадата на САД во Македонија на Фејсбук сподели фотографии од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ како и од градоначалникот на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски кои заедно се на обука во САД.
-Некои од најпаметните нови политички лидери во Македонија споделија вечера и разговор со Ескобар синоќа во Вашингтон. Делегацијата е дел од заедничката изборна програма учесници од пет други земји, за да се запознаат со политичката стратегија, финансирањето на кампањата, социјалните медиуми и многу повеќе. По Вашингтон, групата ќе биде во Флорида каде од прва рака ќе ги набљудува активностите на денот на изборите.
Додека политичарите тука во Македонија очите си ги вадат во Вашингтон сите се прегрнати и фотографирани како Битлси.
Полека, но сигурно завесата во македонската јавност паѓа и на се повеќе граѓани им е јасно дека двете најголеми македонски партии се две различни страни на една иста паричка. Во суштина македонските граѓани во Собранието и по дебатните емисии се сведоци на театар, а нема никаква суштинска разлика помеѓу политиките на двете партии.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако неколку пати го промени ставот, вчера прифати во понеделник да присуствува на лидерската средба на која ќе се разговара за уставните измени. Единствен политички лидер кој не прифати да присуствува на лидерската средба е претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Мицкоски вчера изјави дека е подготвен да прифати Уставни измени доколку има гаранции од Европската Унија. Се поставува прашањето дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во САД ги вежбаат рачињата за уставни измени?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…